Ракометната сезона во Суперлигата веќе започна со возбудувањата во групата А. Сепак, многу поголемо внимание привлекува Б конкуренцијата, каде што среќата посака да се најдат лутите ривали Еурофарм Пелистер и Вардар. „Црвено-црните“ потфрлија во финишот на минатата сезона и завршија третопласирани, па од вториот шешир ја дочекаа ждрепката.