Македонскиот ракометен шампион Вардар вчера извојува уште една победа во СЕХА лигата, откако на гости совлада српскиот претставник Динамо Панчево. Вардарци можеби не одиграа на потребното ниво, но сепак заслужено стигнаа до новите бода во регионалното натпреварување, а по мечот дефанзивецот Илија Абутовиќ за „Балкан хендбол“ истакна дека видлив е падот на играта во овој период, но Вардар ќе се врати во претпознатливиот ритам.