Екипата на Радовиш со победа го заврши првиот дел од сезоната во Суперлигата, откако како гостин со 23-28 (12-12) славеше против новајлијата во лигата Јуниор Кисела Вода.
Екипата на Радовиш на домашен терен по голема борба славеше над Струга (26-24) и му направи услуга на тимот на Голден Арт КЛ7, затоа што најмладиот суперлигаш се бори со стружани за местото во плеј-офот.
Ракометарите на Пролет се радуваа на триумф над Радовиш од 27-21 (13-12), во рамките на 12 коло од групата А во Суперлигата. Гостите долго парираа и се држеа во првиот дел, но по паузата скопјани уфрлија во брзина повеќе и на крајот заслужено победија. Тинекс по десет одиграни мечеви е втор и сигурно чекори кон следната фаза од првенството.
Иако е најмлад суперлигаш, тимот на Голден Арт КЛ7 покажува карактер на искусна и зрела екипа. Младите момчиња на Андон Бошковски пред две недели го совладаа Пролет, а попладнево беа подобри од Радовиш со 31-26 и сега имаат многу поволна позиција за место во разигрувањето.
Ракометарите на Голден Арт КЛ 7 го одбранија домашниот терен и го победија Радовиш (31-26) во рамки од 10. коло од македонската Суперлига. Најмладиот член на елитата е на чекор до плеј-офот, а по овој пораз Радовиш остана далеку од ривалите. Симоноски со десет гола беше најефикасен кај домаќинот, а Илиев постигна гол повеќе за гостите од Радовиш. КЛ7 со овој триумф им се врати на победите, по поразот од претходното коло од Охрид.
По двата порази во низа, екипата на Пролет им ставија крај на неуспесите во Суперлигата и, иако без неколку клучни ракометари, со голема победа се врати од гостувањето кај Радовиш, победувајќи го домашниот тим со сигурни 19-22 (10-12).
Екипата на Радовиш на домашен терен ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше (39-27) над Јуниор Кисела Вода во заостанат меч од домашното првенство.
Владата на Македонија усвои нов протокол за спортски настани, па клубовите од земјава на сопствен трошок беа приморани да плаќаат тестирања на сите членови 72 часа пред натпреварите.
Ракометарите на Охрид покажаа надмоќ и убедливо ја совладаа екипата на Радовиш (32-11) на домашен терен во 3. коло од групата А во македонската Суперлига.
Прекинот во шампионатот на Македонија во ракомет, Радовиш го искористи за засилување на голманската позиција. Еден од најстандардните суперлигаши во последната деценија потпиша договор со Мартин Трајковски, кој досега ги бранеше боите на Весна Акумулатори.
Ракометарите на Радовиш ја запишаа првата овосезонска победа во Суперлигата, откако на свој терен во ефикасен натпревар со 62 гола беа поуспешни од новајлијата во лигата Голден Арт КЛ7 (33-29).
Струмички Астраион Хендбол со победа ги започна настапите во македонската Суперлига и на домашен терен во салата „Парк“ славеше (34-33) над РК Радовиш, во еден супер-возбудлив натпревар во кој и двете екипи водеа борба до самиот крај.
Забраната за присуство на публика на еден спортски натпревар ги спречи богданчани да ја задржат традицијата со ракометен турнир пред стартот на сезоната, но Меморијалот во чест на Гоце и Томе беше одбележан со дуел меѓу Младост и Радовиш.
Ракометната Суперлига е пред самиот почеток, па така екипите ги одигруваат последните натпревари пред вистинските предизвици, кои оваа сезоната најверојатно ќе бидат со згуснат распоред.
Екипата на Радовиш од пред неколку дена ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а тренерот Љупчо Мијалов на располагање ќе има уште едно засилување.