Еурофарм Пелистер со победа ја отвори новата сезона во СЕХА лигата, откако во ракометниот храм „Боро Чурлевски“ падна српска Металопластика, тим кој и минатата сезона загуби во Битола (32-21), но овој пат со не така убедлива разлика од четири гола (30-26). Момците на Жељко Бабиќ кои од „одмор“ беа вратени да го одиграат овој натпревар, на битолскиот паркет покажаа две различни лица во двете полувремиња – лошо и конфузно прво и одлично и атрактивно второ, за на крај да слават заслужена победа од четири гола разлика. Воедно, оваа победа е прва и последна на Еурофарм Пелистер за оваа година во СЕХА лигата, затоа што следува пауза повеќе од еден месец и нови предизвици кон почетокот на февруари.