Ракометарите на Вардар Неготино го добија натпреварот против директниот конкурент во битката за опстанок во Суперлигата, дома против Јуниор Кисела Вода со 31-25 (15-13). Натпреварот во Неготино е еден од клучните во оваа сезона, бидејќи двете екипи се во опасната зона, а сега домаќинот го прескокна ривалот на местото кое води во плеј-аутот.