Ракометната селекција на Соединетите Американски Држави забележа уште еден висок пораз, но и покрај тоа ќе игра во главната фаза на Светското првенство во Шведска и Полска. Американците, по поразот од осумнаесет разлика од Хрватска, во третото коло од групата Г беа немоќни против фаворизираниот Египет и загубија со 35-16.