Иако се соочува со проблеми со повредените и недоволно залечените ракометари, од таборот на Еурофарм Пелистер се радуваат на гостувањето во Хрватска против ППД Загреб. Жељко Бабиќ не може да смета на Велковски, Кушан, Вегар и Маџовски, а нема да настапи и последното засилување Карим Хендави, кој синоќа пристигна во Битола, но нема виза за влез во Хрватска.