Скоро 40 минути Еурофарм Пелистер водеше и играше како „по ноти“ во домот на ППД Загреб, но потоа следеше голем пад, недостаток на решенија во ротација и нов пораз. Тимот на Владо Шола беше подобар за три гола (26-23), а младиот Хрват во битолскиот табор, Матео Мараш жали за пропуштената шанса.