Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа пораз во вториот контролен натпревар во подготвителниот период. Битолчани попладнево загубија во „Трешњевка“ во Загреб од ППД Загреб со 26-23 (16-14). Двете екипи настапија со изменети состави, а Шола и Бабиќ шанса им дадоа на сите ракометари.
Проблемите во редовите на ППД Загреб како да немаат крај. Лошиот старт на сезоната во Лигата на шампионите донесоа тренерска смена, а од денес „плинарите“ останаа и без еден од најдобрите ракометари.
Во текот на оваа недела Нант требаше да го пречека ППД Загреб во рамки од Лигата на шампионите. Тоа нема да се случи бидејќи ЕХФ го одложи мечот на барање на екипата на Владо Шола.
Лино Червар, хрватската ракометна легенда и некогашен тренер на Металург, повторно ѝ се врати на „старата љубов“ и ќе биде дел од стручниот штаб на ППД Загреб каде ќе има за задача да го „гаси пожарот“.
Ракометарите на Барселона го прегазија ППД Загреб со 45-27, во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите и останаа максимални и во врвот од групата со Веспрем и Алборг кои имаат исти резултати досега.
Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб е во потрага по нов тренер, откако утрово на својата официјална интернет страница информираше дека ја раскина соработката со досегашниот предводник Игор Вори.
Екипата на Кил во новата сезона продолжи таму каде што застана во претходната и ги запиша првите бодови во групата Б, откако на гостувањето кај ППД Загреб славеше со 21-31 (6-14). Германскиот претставник рутинирано ја заврши задачата во првото коло и заслужено заминува со победа од Хрватска.
Мешков Брест е освојувач на третата позиција на завршниот СЕХА турнир во Задар. Во малото финале белорускиот првак беше поуспешен од ППД Загреб на Игор Вори (24-29).
Вардар и по осми пат ќе игра финале во СЕХА лигата, откако синоќа се избори за голема победа по изведувањето на пеналите против ППД Загреб, иако пред самиот финиш на натпреварот имаше негатива од шест гола.
Македонскиот шампион Вардар ќе има трета шанса во низа да го одбрани трофејот во СЕХА лигата. Момците на Стевче Алушовски синоќа „изгинаа“ на паркетот во Задар, и на херојски начин го елиминираа ППД Загреб.
Ќе се пишуваат бајки за карактерот на Вардар и обидот загубени натпревари да ги претвори во победа. Така беше во полуфиналето на Лигата на шампионите пред една и пол година, а така беше и во СЕХА-полуфиналето во Задар.
Екипата на ППД Загреб има за што да жали, бидејќи имаше сензационален резултат во полуфиналето на СЕХА лигата против Вардар, бидејчи практично до 50. минута имаа високи шест гола позитива.
Македонскиот шампион Вардар ќе има можност за четврта СЕХА-титула во низа. „Црвено-црните“ во вечерашното полуфинале во Задар повторно покажаа карактер и единство и кога беше најпотребно ја „стопија“ предноста на Хрватите и по изведувањето на пеналите се пласираа во натпреварот за трофеј.
Вардар беше на работ на пораз во второто СЕХА-полуфинале во Задар, но „црвено-црните“ по вистинска драма и пенал-рулетот ја расплакаа Хрватска и во борбата за нов трофеј, четврти во низа, ќе го предизвикаат тимот на Веспрем.