Битолчани велат: „Ракометот конечно се врати дома, во „вулканот“ по ново именуван како „Боро Чурлевски“. Македонската ракометна репрезентација по 13 години и мечот со Босна и Херцеговина во 2005 година, се врати во Битола и против Турција го одигра првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020. Репрезентативците, на чело со капитенот Лазаров, водени од фантастичната атмосфера која им ја приредија битолчани, лесно ја поминаа првата пречка и со сигурни 31-27 ги надиграа гостите од Турција. Сега, Македонија е пред нов предизвик и освојување на Кожани, во меч против соседна Грција.