Ракометната репрезентација на Македонија немаше сили за подвиг, па загуби и во второто коло на Светското првенство кое се игра во Полска и Шведска. И Холандија покажа дека е велесила за нашиот национален тим, кој слично како и против Норвежаните, парираше околу 20 минути. Потоа и во вториот дел имаше блескав период, меѓутоа сè што се изгради во него, се расипа во наредните минути со почетнички грешки. Пак се покажа дека Македонија е „тенка“ во ротацијата, младите и натаму не се на потребното ниво за да играат со најсилните на светот и потребно е уште да се учи.