Македонија важи за спортска земја, но пред сè ракометна. Веќе од поодамна ракометот е спорт број еден во нашата држава, младината расте(ше) со незаборавните партии на Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски и уште ред други легенди во овој спорт, па затоа не е случајност што на секој домашен натпревар на Македонија трибините се исполнети до последно место, без разлика на квалитетот и името на противникот.