Нов селектор на машката ракометна репрезентација на Босна и Херцеговина е легендарниот Ирфан Смајлагиќ, кој на оваа функција го замени младиот Тони Чолина. Во својата богата тренерска кариера, Смајлагиќ ги водеше Египет, Босна Сараево, Замет, Локомотива Загреб, Чаковец, хрватските младински селекции, како и репрезентацијата на Иран, која беше негова последна работа во кариерата додека не беше назначен за функцијата селектор на БиХ.