Капитенот Кирил Лазаров имаше малку што да покаже на вториот меч на Македонија на Светското првенство во Египет. Со оглед на високата предност на домашната репрезентација, нашиот најдобар поединец седеше на клупата за резерви во текот на цело второ полувреме.
Чиле ќе биде последната пречка за Македонија на Мундијалот. По двата порази на стартот, нашата репрезентација ќе брка прва победа, која ќе ѝ донесе пласман во следната фаза и продолжен престој во Египет.
Македонската репрезентација денес ќе прави подготовки за последниот меч на Светското првенство во Египет. Противник е Чиле, кој важи за аутсајдер во групата и е наша единствена шанса за успех на турнирот.
Роберто Гарсија Парондо, некогашниот тренер на Вардар, а сегашен селектор на Египет, одлично ја имаше анализирано играта на Македонија и ги водеше „фараоните“ до убедлива победа на Мундијалот.
Десниот бек Мартин Велковски доби шанса во второто полувреме на местото на Кирил Лазаров, а по натпреварот против Египет и високиот пораз, истакна дека играчите жалат затоа што не ја претставиле државата во вистинско светло.
Селекторот на Македонија, Данило Брестовац, говореше по поразот против Египет и истакна дека нашиот национален тим физички потфрлил, затоа што не бил доволно подготвен за настапот во воведните две кола на Мундијалот.
Ракометната репрезентација на Македонија доживеа висок пораз од Египет (38-19) на Светското првенство (СП) кое се игра во земјата на „фараоните“, а тоа е највисок неуспех досега на светската ракометна сцена на нашата репрезентација.
Ракометната селекција на Македонија доживеа нов дебакл на Светското првенство во Египет, откако во вториот настан во арената „Каиро Стадиум“ со убедливи 38-19 (20-6) беше поразен од домашната селекција предводена од поранешниот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Ракометната репрезентација на Македонија има висока негатива од Египет (20-6) и е во голем проблем во вториот натпревар на Светското првенство (ЕП) кое се игра во земјата на „фараоните“.
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во 19. минута од натпреварот доби црвен картон и нема да може да ѝ помогне на Македонија во понатамошниот дел од мечот против Египет.
Македонската ракометна репрезентација го остави зад себе тешкиот пораз од Шведска и своите мисли ги насочи кон вториот натпревар од првата групна фаза, против домаќинот Египет.
Египетската репрезентација е вториот ривал на Македонија на Светското првенство. Домаќинот на шампионатот со сите сили ќе напаѓа втора победа, по онаа воведната над Чиле.
Најдобрите македонски ракометари ќе имаат уникатно искуство на денешниот натпревар против Египет. Имено, Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за дуелот со домаќинот на шампионот и за првпат на големите приредби натпревар на нашата репрезентација ќе водат жени.
Роберто Гарсија Парондо е добро познато име во македонската јавност. Со Вардар успеа да освои титула во Лигата на шампионите, а во деновите кога престојуваше во нашата земја, беше асистент на Раул Гонзалез во репрезентацијата на Македонија.
Македонската репрезентација започна лошо на Мундијалот во Египет, но има можност за поправен веќе во второто коло. Противник ќе ни биде домаќинот кој го отвори шампионатот со рутинска победа над аутсајдерот во групата Чиле.
Македонија запиша висок пораз на отворањето на Светското првенство во Египет, откако со 32-20 го загуби натпреварот против селекцијата на Шведска. Момците на Данило Брестовац потфрлија во секој сегмент од играта против разиграните Скандинавци, а Филип Талески вели дека не треба да се бараат алиби за лошата игра и побара трпение од македонската ракометна јавност и од фановите.
Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски беше самокритичен за прикажаната игра на вчерашниот натпревар против Шведска. Според него, Македонија тотално потфрли во одбраната и мора да се поправи во тој сегмент доколку сака успех на преостанатите два меча со Египет и Чиле.
Македонската ракометна репрезентација има слободен ден на Светското првенство во Египет, кој треба да го искористи за и тоа како голема и длабока анализа на синоќешната партија на отворањето на шампионатот против Шведска.
Кога ќе се погледнат бројките од првиот натпревар на Македонија на Светското првенство може да се заклучи една работа - одбраната мора да покаже дека знае повеќе.