Ракометарите на Нант ја впишаа третата победа во низа во домашниот шампионат, откако на свој терен без многу проблеми го совладаа составот на Саран. Со оваа победа тимот на Кирил Лазаров се зацврсти на втората позиција на табелата во француската елита, но сè уште е далеку од шампионот ПСЖ, кој по 22 кола е перфектен со исто толку победи.