Македонскиот ракометен првак Вардар дојде до нова, мошне тешко извојувана победа во Лигата на шампионите над Кристијанштад од 38-36 (21-19). Дуелот го одбележа високиот број на погодоци, меч во кој Вардар влезе одлично, со предност од шест погодоци на стартот, но во продолжението до самиот крај стравуваше за победата. „Црвено-црните“ одлично го отворија мечот, поведувајќи со 2-0, за да веќе во продолжението од мечот поведат и со +4 (8-4), благодарение на расположениот Македа кој постигна три гола во низа.