Никола Митревски останува верен на Порто. Македонскиот чувар на мрежата стави потпис на нов договор со португалскиот шампион и во клубот останува уште најмалку две сезони.
Македонскиот ракометен репрезентативец, Никола Митревски нема да менува средина ова лето, откако се реши да ја прифати понудата на португалскиот шампион.
Продолжува жетвата на титули на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски. Во претпоследното 29. коло во првенството на Португалија, Порто ја совлада екипата на Агуас Сантас со 18-34 (9-13) и математички ја потврди 23-тата титула во шампионатот.
Македонскиот голман Никола Митревски и неговиот Порто во самиот финиш дојдоа до позитивен резултат (29-29) против француски Монпелје во рамки на осминафиналето од Лигата на шампионите.
Екипата на Порто го изненади Флензбург и успеа да остане непоразена во Германија (26-26). Клучна улога во овој натпревар имаше македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше фантастичен учинок во дресот на Порто, во ремито против Флензбург (26-26) во рамки на ракометната Лига на шампиони.
Екипата на Порто пред точно дванаесет месеци ја потврди лошата вест во врска со смртта на голманот Алфредо Кинтана. Кубанецот кој бранеше за Португалија доживеа срцев удар на тренинг неколку дена претходно и не успеа да се избори за најважната животна битка.
Искусниот македонски голман, Никола Митревски и оваа сезона блеска на голот на Порто, а тоа му донесе и трка за најдобар чувар на мрежата во португалскиот шампионат за 2021 година.
Ракометарите на Пари Сен Жермен по поразите од Барселона и Киелце, конечно врза две победи во Лигата на шампионите, откако на доминантен начин со 30-39 го совладаа составот на Порто.
Екипата на Порто во чии редови настапува Никола Митревски имаше кошмарна ноќ и доживеа висок пораз на гости кај ПСЖ (33-19) во рамки на седмото коло од ракометната Лига на шампиони.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски не се појави на денешниот собир на репрезентацијата, затоа што имаше клупски обврски со својот Порто во домашниот шампионат и повторно имаше забележителен настап.
Екипите на Порто и Барселона одиграа атомски натпревар кој заврши без победник (33-33), а беше во рамки на шестата рунда во ракометната Лига на шампиони.
Полски Киелце го одбрани домашниот терен и убедливо славеше над португалски Порто (39-33) во чии редови настапува македонскиот голман Никола Митревски.
Ракометарите на Веспрем се радуваа на победа на гостувањето кај незгодниот Порто од 23-30 (10-16) во четвртото коло од Лигата на шампионите. Португалскиот тим во кој настапува македонскиот голман Никола Митревски немаше сили за подвиг и го положи оружјето пред унгарскиот гигант.
Македонскиот голман Никола Митревски имаше свое шоу во победата на Порто над Динамо Букурешт (26-27), откако на тешкото гостување во Романија беше пресуден фактор за својот тим.