Во текот на денешниот ден се играат натпреварите за пласман на Супер Глоб. На завршниот ден се распределуваат медалите, а пред кулминацијата и главните средби, се одигра распределбата за финален пласман.
Ракометарите на Барселона се првиот полуфиналист на Супер Глоуб во Доха и потенцијален противник на Вардар во меч во кој влогот ќе биде место во финалето. Првакот на Шпанија и екипа која со со вајлд-карта учествува на турнирот без многу проблеми го победи тимот на Есперанца од Тунис со 42-24 (19-10).
Ракометарите на ПСЖ, кои со вајлд карта премиерно учествуваат на ИХФ Супер глоб турнирот за светска титула, се вториот патник во полуфиналето по европскиот првак Киелце. Момците на Ѕвонимир Сердарушиќ го совладаа тунискиот Есперанс со 38-31 (21-18).