Вицешампионот на Македонија, Макс Струмица, пак беше „топовска храна“ за најсилните екипи во регионалното натпреварување. На гостувањето кај Татран во Прешов во Словачка, тимот кој го води Андонов загуби со убедливи 44-18. Со само 10 ракометари, двајца голмани и осум играчи од неколку многу млади, струмичани при 5-4, направија негативна серија од 8:0 за Татран, за 13-4, па на одмор 27-12.
Струмица во вториот дел не постигна гол до 42.минута, кога веќе беше 34-13. До крајот монолог на Словаците за финални 44-18. Струмица постигна само 6 голови во вториот дел, што јасно кажува за тоа каков натревар се играше.
Радослав Антл беше најдобар на мечот со 17 голови од 18 обиди, додека кај Струмица, Ален Куленовиќ постигна најмноги, 6 гола.