Утре македонскиот претставник во СЕХА лигата, МАКС Струмица го игра својот претпоследен натпревар од оваа сезона во оваа лига, а во салата „Парк“ ќе го пречека првопласираниот тим на Веспрем. Пред овој дуел тренерот на струмичани, Ванчо Трендафилов, изјави дека и покрај тоа што играат со една од најдобрите европски екипи, неговите ракометари ќе дадат сè од себе за да стигнат до поволен резултат: