Спартак

  • Маркоски со ППД Загреб до лесна победа кај Спартак

    Хрватскиот ракометен шампион, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Велко Маркоски, дојде до нова победа во СЕХА лигата, откако на гости беше подобар од екипата на Спартак во Суботица со 35-29.

  • Лазаров: Ме радува што поврзавме неколку побед

    Македонскиот шампион, екипата на Вардар полусезоната во СЕХА лигата ќе ја презими на лидерското место, по вчерашната победа над Спартак со 36-18 (18-9). Најзаслужен за победата беше македонскиот репрезентативец и капитен на Вардар, Филип Лазаров, кој имаше одличен ден, постигнувајќи 10 гола. 

  • Жељковиќ: Вардарци се ракометни мајстори!

    Двојна разлика на крајот стоеше на семафорот, синоќа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Вардар го совлада Спартак Војпут од Суботица со 36-18, а гостите од Суботица спортски подадоа рака кон подобриот. Тренерот на гостите ги наполни со комплименти Раул Гонзалез и ракометарите, и смета дека Вардар е категорија над многу екипи во СЕХА лигата.

  • Раул Гонзалез: Моравме да го почитуваме Спартак, бидејќи во Србија тешко славевме

    Убаво беше да се гледа Вардар вечерва и да се следи професионалноста и посветеноста на ракометарите на Раул Гонзалез. Шпанскиот стручњак потенцира дека тоа што Спартак за малку не го совлада Вардар во Србија, беше главна причина што пристапот кон овој меч беше многу сериозен. Победата на Вардар од 36-18 сепак покажа разлика во класи помеѓу двете екипи.

  • Дејан Манасков во акција на мечот со Спартак
    СЕХА Лига

    Победа за крај на годината и лидерство на Вардар за празниците

    Вардар знаеше да излезе на крај и со многу посилни противници од Спартак, но начинот на кој денес го водеше и го реализира со триумф мечот со српскиот вицешампион одушевува (36-18). Момците на Раул Гонзалез го подигнаа моралот, ја распределија минутажата, конечно блеснаа и македонските репрезентативци. Штета што шоуто на Филип Лазаров, Манасков, Стоилов ја видоа рекордно мал број на гледачи. Петта врзана победа и сите на заслужен одмор. Одмор кој подобро изгледа кога се гледа од врвот. 

  • Филип Лазаров го „наполни“ Спартак за лесна победа

    Македонскиот шампион Вардар перфектно го одработи последниот месец во годината и ги доби сите натпревари во СЕХА лигата. Нешто како тренинг беше денешниот меч со Спартак во полупразниот СЦ „Јане Сандански“. Во меч во кој играа и ракометарите кои обично имаат помала минутажа, вардарци славеа со 36-18 (18-9).

  • Димитријевски: Им честитам на соиграчите за борбениот дух

    Макс Струмица го загуби и последниот меч во 2015 година, овој пат од претпоследниот на табелата, тимот на Спартак Војпут со 31-23 (12-16). Струмичани не разочараа со играта, туку со начинот на кој го загубија водството кое го имаа по првото полувреме.

  • Гонзалез: Треба да победиме, ако сакаме Ф4 во СЕХА лигата

    Ракометарите на Вардар денес во 17.45 во СЦ „Јане Сандански” во натпревар од регионалната СЕХА лига го пречекуваат тимот на Спартак Војпут. Овие две екипи веќе одиграа помеѓу себе оваа година, во Суботица каде скопскиот клуб победи со 36-27.

  • Андонов: Треба да ги исплатиме ракометарите и да продолжиме

    Заради ситуацијата во која се наоѓа, тренерот на Макс Струмица, Марјан Андонов не може да им замери на ракометарите и евидентно беше дека и против Спартак екипата има енергија за само едно полувреме. А кога потоа заврши енергијата, а немаше ни замени, Спартак лесно го доби мечот со 23-31.

  • Чантурија шутира пенал за Макс Струмица
    СЕХА Лига

    Сите негативни рекорди во СЕХА лигата се за Макс Струмица

    СЕХА лигата како да не им е судена на ракометарите на Макс Струмица. Кој знае дали и кога нареден пат ќе играат во регионалното натпреварување, а веројатно нема никого да победат. Кога не успеаа денес да се справат со овој Спартак, дојдне во Македонија на неколкудневна турнеја, нема никого да победат до крајот на сезоната. Поразот од 23-31, во меч во кој изгледаше како да се создадени сите услови за победа на момците на Андонов, е голем удар за Макс Струмица. Можеби и вака дезорганизиран тимот кој минатата година беше вицешампион, нема да има сили за било каква борба во плеј-офот на Супер лигата. Барем така немоќно и безкарактерно изгледаше Макс Струмица и денес во СРЦ „Кале“ во Скопје.

  • Струмичани очајни за првата СЕХА победа

    Голем дел од ракометарите на Макс Струмица ги бројат деновите до крајот на првата полусезона, за да одморат од силниот напор. Со оглед на непредвидените заминувања, скоро истите 8-9 ракометари играа во последните три недели. Последен во низата доближени дуели е оној против Спартак утре попладне во Скопје. Ако не е баш овој меч идеален за првата победа, тогаш таков меч нема да има ниту напролет,