Никола Митревски на голот и Велко Маркоски во одбраната се најзаслужни за уште една победа на Доброгеа Суд во романскиот шампионат во ракомет. Репрезентативците одиграа на високо ниво и тимот од Констанца извојува победа на теренот на Сучеава со 23-31.