Европскиот првак Вардар прави уште еден голем чекор кон комплетирање на ростерот за сезоната 2020/21. Репрезентативното крило Гоце Георгиевски ја заврши својата епизода во Романија се одлучи за понудата на Вардар, пред таа на Металург и прашање на време е кога неговиот трансфер ќе биде официјализиран, дознава Gol.mk.
Ракометниот клуб Металург денес преку својата официјална интернет страница го потврди четвртото засилување на тимот за новата сезона, во името на Енрике Тешеира. Бразилскиот среден бек со клубот од Автокоманда потпишал договор на една година, но не и според романскиот клуб ЦСМ Букурешт, каде настапуваше во последната сезона.
Maкедонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски граби кон одбрана на трофејот во Челенџ купот со романскиот клуб ЦСМ Букурешт. Ривалот од Русија, Виктор е ривалот на романскиот претставник во четвртфиналето на Челинџ Купот. кој сезонава го има своето последно издание.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски одигра фантастичен натпревар кога најмногу требаше, односно во дербито на неговиот ЦСМ Букурешт против Турда.
Македонија сезонава нема свои претставници во Челинџ Купот, но затоа пак двајца ракометари со свои клубови уште се во натпреварување и вчера ги добија своите противници во третото коло. Виенската ждрепка донесе тешки ривали за двајцата Македонци, Гоце Георгиевски и Влатко Митков.
Кон средината на август на „Женска плажа“ во Струга ќе се одржи традиционалниот 47-ми струшки ракометен турнир. Организаторот ветува уште едно квалитетно издание и во завршна фаза се преговорите со неколку странски екипи кои ќе го збогатат квалитетот на турнирот.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски и неговата екипа ЦСМ Букурешт се спасија од пораз во Португалија кај Мадеира и во финалето на Челинџ Купот трофејот ќе го ловат на домашен терен (22-22).
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски и неговиот тим ЦСМ Букурешт од Романија ќе играат финале во Челинџ Купот, откако на домашен терен го совлада руски Санкт Петербург (25-20).
Романската екипа ЦСМ Букурешт и португалскиот клуб Мадеира се наоѓаат многу блиску до пласман во финалето на Челинџ Купот и борба за европски трофеј. По првите полуфинални натпревари предноста на овие две екипи е најава, но не и гаранција за финале.
Доброгеа Суд Констанца, која ја предводи Звонко Шундовски, а во тимот настапуваат Никола Митревски и Велко Марковски славеше победа во дербито од 12. коло на романскиот шампионат против ЦСМ Букурешт, каде член е Гоце Георгиевски, со 30-23 (19-16).
Ракометарите на ЦСМ Букурешт играат во одлична форма на стартот на новата сезона и се без пораз во силниот романски шампионат. Пред налетите на тимот каде игра македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, падна и СЕХА лигашот Стеауа, која загуби во градското дерби со 24-27.
Тимот на ЦСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, ја продолжи победничката серија во романскиот шампионат и го забележа третиот триумф, кој му донесе лидерско место.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски имаше одлична сезона во романскиот шампионат на индивидуален план, иако со тимот на ЦСМ Букурешт не успеа да стигне до некој трофеј.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски меѓу последните ја заврши сезоната на интернационална сцена. Со неговиот ЦСМ Букурешт тој разигруваше за третото место во романскиот шампионат, но загуби во серијата „подобар од три“ од Потаиса Турда.
Гоце Георгиевски и неговиот ЦСМ Букурешт, во вториот полуфинален натпревар од шампионатот на Романија се поразени од Стеауа со 25-28 по изведувањето на седмерци, откако мечот во регуларниот дел заврши 24-24. Сега полуфиналната серија е израмнета на 1-1 и патникот во финалето ќе се бара по „мајсторката“, која ќе се игра на теренот на Стеауа.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, и неговиот ЦСМ Букурешт славеа гостинска победа против Стеауа со 21-25 (6-10) и сега се на само еден чекор од пласман во финалето на плеј-офот на романскиот шампионат.
Ракометарите на ЦСМ Букурешт го вратија брејкот и победија минимално со 18-19 на гостувањето кај Политехника Темишвар, во вториот дуел од четвртфиналната серија во романскиот шампионат.
Романскиот шампион ЦСМ Букурешт во следната сезона слободно може да го промени името во ЦСМ Вардар. Засега, три ракометарки од актуелниот „црвено-црн“ ростер се селат во романската престолнинa: Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ ќе бидат „тигрици“.
Ракометарите на ЦСМ Букурешт врзаа три победи во серија и во финишот на регуларниот дел од романскиот шампионат играат одлично. Тимот каде игра македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски славеше со убедливи 41-26 против Баја Маре, во натпревар од 25. коло.