Тиквеш во финишот го „скрши“ Младост и убедливо победи во Суперлигата

Ракометарите на Тиквеш ја продолжија добрата серија и запишаа нова победа, овојпат на домашен терен над Младост Богданци (32-25). Иако гостинот парираше и не сакаше лесно да се предаде против фаворитот, искуството на крајот беше пресудно за триумф. 

Уште од самиот старт Тиквеш имаше контрола врз резултатот, а иако не осетно не се одлепуваше, успеваше да игра растеретено. Првиот дел мина во знакот на кавадарчани, кои константно водеа и заминаа со 17-13 на пауза. 

Во продолжението Младост се разбуди и резултатски се врати. Гостите од Богданци успеаа дури и да поведе со еден гол. Сепак, Тиквеш заигра подобро и во финишот успеа да го скрши отпорот на ривалот, па на крајот се радуваше на убедлива победа со седум голови позитива. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Младост Богданци:

Најефикасен ракометар на теренот беше Александр Лупашко од Младост со осум реализации, додека по седум запишаа Ѓоргиевски и Стоилов.