• Иван Димовски
Ракометарите на Тиквеш забележаа нова победа во Суперлигата, откако во десеттото коло ја совладаа Струга со 38-30 (20-15). Домаќинот во Кавадарци беше подобар и сосема заслужено дојде до четвртото сезонско славје.
- Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Струга:
Стружани поведоа само на стартот минимално, а потоа домашните се наметнаа. Бргу разликата се зголеми до 8-4 и тоа беше најава како ќе тече мечот. Водеше Тиквеш во првиот дел и со шест разлика, а на паузата меѓу двете полувремиња се замина со 20-15.
На стартот на продлжението Струга имаше мал налет, се врати во два наврати на „минус три“, но тоа беше сè што покажа. Одговорот на кавадарчани дојде во видот на мини-серија за дотогаш највисока предност од 26-19. Потоа до крајот Тиквеш играше на рутина, лесно се справуваше со ривалот и сосема заслужено дојде до победа и нови суперлигашки бодови.
Со по седум реализации се истакнаа Јован Даневски и Дарио Кофиловски од Тиквеш, додека кај гостите шест постигна Ненад Костоски.