• Горан Упале
По заминувањето на Раде Стојановиќ, раководството на македонскиот прволигаш Тиквеш мораше да се активира на трансфер-пазарот и да доведе нов тренер на тимот. На крај довербата му беше доделана на искусниот босански стратег Драган Марковиќ-Марка.
Ден по назначувањето на Марковиќ за нов предводник, кавадарчани се пофалија со три нови потписи. Тиквеш и во следната сезона ќе напаѓа со иста бековска линија, затоа што нови договори потпишаа ракометарите кои имаа значајна улога во шампионатот кој е зад нас.
Во Кавадарци остануваат Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ и Ани Обина. Претходно, клубот му се заблагодари на голманот Јанко Гемаљевиќ и кружниот напаѓач Никола Стефановиќ.
Тиквеш во јуни ќе ги стартува подготовките за новиот шампионат, а веќе го има потврдено учеството на Струшкиот турнир.