Тиквеш си поигра со Скопје 2020, мечот со Алкалоид клучен за пласманот во групата

На едно коло до крајот на групната фаза на Суперлигата, познати се три од четири тимови од групата А, кои ќе играат во плеј-офот. Тиквеш ја оправда фаворитската улога и го совлада Скопје 2020 на гостински терен со 24-42 (9-20), во последниот натпревар од третото коло. Кавадарчани сами од себе зависат дали ќе завршат на второто или третото место во групата, па за еден бод повеќе во разигрувањето им треба домашна победа против Алкалоид во последното коло.

  • Комплетниот натпревар меѓу Скопје 2020 и Тиквеш: 

Попладнево во Скопје, домашниот тим беше нерамноправен ривал против кавадарчани, водени од Матлиески, и заслужено претрпе пораз. Иако не играат со полн потенцијал на своите најголеми ѕвезди кавадарчани лесно запишаа бодови.

Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Темелкоски со десет погодоци, а кај Скопје 2020 се издвоија Кирил Пеширски сп шест и Стефан Стојановски со пет гола.

Ако за десет дена Тиквеш го совлада или ремизира со непоразениот Алкаоид, ќе биде второпласиран, а во спротивно таа позиција ќе ја заземе Охрид.