Тиквеш се засили со двајца ракометари од Алкалоид 

Суперлигашот Тиквеш продолжува со градењето на силен тим за следната сезона. Челните лица на кавадаречкиот суперлигаш по разделбата со Раде Стојановиќ и доведувањето на искусниот босански стратег Драган Марковиќ, започна со засилување на својот ростер.

Клубот се пофали со две нови имиња - левото крило Дарио Кофилоски и Мартин Димовски, кој може да одговори како десно крили и десен бек. 

Двајцата доаѓаат од редовите на Алкалоид, откако освојувачот на Купот на Македонија не им ги продолжи договорите. 

Претходно, кавадарчани ги продолжија договорите со бековите Манасков, Мијатовиќ и Обина.