• Иван Димовски
Европската ракометна куќа (ЕХФ) ги објави екипите кои ќе настапуваат во Европскиот Куп. Во ова натпреварување Македонија ќе има еден противник во името на Тиквеш, кој заврши на четвртото место во Суперлигата минатата сезона.
Кавадарчани ќе го скокнат првото коло и ќе настапат директно во второто. Тиквеш ќе биде носител во извлекувањето на паровите, па може да се надеваат на релативно полесен противник.
Првиот натпревар од втората рунда на Европскиот Куп на ЕХФ е планирана за 14 или 15 октомври, додека реваншите се на 21 и 22. Ждрепката за првите две кола е закажана за 18 јули.