Тиквеш лесно го преслуша Радовиш и стави крај на негативната низа

Ракометарите на Тиквеш 2014 без поголеми проблеми успеаја да извојуваат победа на гостувањето кај Радовиш (23-35) во натпреварот од шестото коло во македонската Суперлига. Овој триумф е одлична реакција за петтопласираната екипа од минатиот шампионат по поразот од Алкалоид во четвртокот.

  • Комплетниот натпревар помеѓу Радовиш и Тиквеш 2014: 

Гостите од Кавадарци уште во првите триесет минути најавија дека се дојдени по бодовите и на паузата имаа предност од пет гола (11-16). Стартот на вториот дел донесе поангажирана игра на Радовиш, кој успеа малку да ја намали разликата и дури имаше напад за израмнување, но потоа Тиквеш повторно влезе во посакуваниот ритам и на крајот запиша триумф со конечни 23-35. 

Најефикасен во победничкиот тим беше Јован Даневски со единаесет голови, додека во екипата на Радовиш седум погодоци запиша Славе Јанковски. Избраниците на тренерот Кристијан Грчевски ставија крај на непријатната низа од два порази и стигнаа до вториот сезонски триумф во елитното домашно натпреварување.

Радовиш останува без победа и е закован на дното на суперлигашката табела.