Тиквеш ја продолжи соработката со Симиќ и Гичев

Екипата на Тиквеш соопшти дека задржа двајца ракометари за претстојната натпреварувачка сезона. Меѓу кавадарчани остануваат Страхиња Симиќ и Марио Гичев. 

Србинот и во новата сезона ќе биде главен организатор во играта, додека Гичев ќе продолжи да се развива во тимот од Кавадарци.

Изминатите денови Тиквеш ги искористи за да продолжи договори со неколку ракометари. Во екипата остануваат Кондев, Коцев и Лазов, а Темелкоски пристигна од редовите на Голден Арт.

Ристо Магдинчев ќе биде ново име на тренерската клупа, како замена за Горан Андоноски.