Тиквеш ја доби драмата со Бутел на стартот од турнирот во Прилеп

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски” во Прилеп започна со вистинска ракометна драма. Во сала „Ристе Ристески - Ричко”, екипите на Бутел и Тиквеш одиграа исклучително израмнет натпревар, во кој на крајот со насмевка остана Тиквеш (23-22).

Бутел влезе подобро во натпреварот и на полувреме имаше предност од четири гола (15-11), но во вториот дел Тиквеш покажа карактер и постепено ја стопи разликата. Клучен фактор за пресвртот беше одличната игра на Бен Мохамед Азис, кој со 7 гола беше најефикасен на теренот, поддржан од Коцев Димитар и Ончев Тоше (по 5 гола).

На страната на Бутел се истакна Дејан Михајловиќ со 5 гола, додека Лука Јовиќ и Тео Тодески додадоа по 4 погодоци, но тоа не беше доволно за победа во натпреварот кој траеше до последен напад.

Следен на распоредот е дербито меѓу домаќините на РК Прилеп 2010 и екипата на РК Мулти Есенс.