• Саше Љолес
Управата на Тиквеш 2014 објави дека доведе ново име во својот табор. Се работи за левиот бек Даниел Андоновски, кој се очекува да биде солидно засилување на ростерот.
Андоновски пристигнува од редовите на Врање, а во кариерата претходно го носеше дресот на Охрид, Прилеп и Вардар Јуниор и Паламано Трст.
Кавадарчани во моментов ја заземаат шестата позиција на суперлигашката табела, со учинок од четири победи, едно реми и пет порази.