• Мартин Танасковски

Екипата на ГРК Тиквеш забележа нова победа во суперлигашкото друштво и славеше над повратникот Мулти Есенс (27-26) со пресврт во второто полувреме и во драматичен финиш.
- Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Мулти Есенс:
Младиот тим на Матлиески уште еднаш имаше сила само за едно полувреме против тим кој важеше за фаворит. Добро играше екипата од Автокоманда до паузата, имаше плус два на своето конто (11-13), но потоа противникот од Кавадарци успеа да го приведе мечот кон своја корист.
Откако избраниците на Грчевски направија пресврт на стартот на вториот дел, константно го држеа плусот. Мулти Есенс бркаше, беше близу цело време, а во финишот во последните секунди имаше напад за реми, ама голманот Велков го спречи обидот за гол.





