Тиквеш ги задржа средните бекови Симиќ и Милков

Екипата на Тиквеш 2014 продолжува да работи на ростерот за следната сезона и задржа уште двајца ракометари од актуелниот ростер.

Капитенот Страхиња Симиќ и ракометната надеж Стефан Милков, мозоците на екипата од позиција среден бек, остануваат во Кавадарци и следната сезона. На обострано задоволство договорена е нова соработка.

Тиквеш 2014 во новата сезона ќе биде предводен од нов тренер откако Горан Андоновски си замина од кормилото. Тоа е Данило Брестовац. Тимот лани играше во плеј-офот за Европа, меѓутоа заврши како последен и ги испушти шансите.