Тиквеш против австриски Кремс ја започнува европската авантура

Денес во просториите на Европската куќа на ракометот (ЕХФ) во Виена се одржа ждрепката за второто коло од Европскиот Куп, каде учество ќе земе македонскиот клуб Тиквеш.

Кавадарчани, и покрај промената на тренерот, во клучниот дел од сезоната, успеаја да го задржат ритамот и заслужено завршија на четвртата позиција на табелета во Суперлигата, што им донесе пласман на меѓународна сцена. 

Ривал на нашиот единствен претставник во ова натпреварување ќе биде тимот на Кремс од Австрија. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 или 15 октомври, додека реваншот е седум дена подоцна. Најнапред кавадарчани ќе бидат домаќини во „Јасмин“, а потоа ќе гостуваат во Австрија.

Тиквеш и во новата сезона ќе биде предводен од тренерот Никола Матлиевски, а во Кавадарци веќе се доведени неколку сериозни засилување.