• Иван Димовски

Ракометниот колектив на Тиквеш се пофали со ново засилување за следната натпреварувачка сезона.
Во Кавадарци доаѓа украински интернационалец од шпанската Асобал лига, а станува збор за Данило Осадчи. 24-годишникот настапува на позицијата кружен напаѓач и со Тиквеш парафира двегодишна соработка.
Осадчи доаѓа од редовите на шпанска Хуеска, за која минатата сезона настапи на 30 натпревари во првенството на Шпанија. Претходно украинскиот кружен напаѓач имаше настапи и за Мотор Запорожје со кој играше во Европската лига на ЕХФ, а предходно беше дел и од Донбас со кој настапуваше во Европскиот куп.