• Иван Димовски

Ракометниот колектив Тиквеш го формира тимот за новата сезона во Суперлигата.
Ново име во тимот на кавадарчани е искусниот голман Игор Арсиќ кој доаѓа од редовите на АЕК Атина. Чуварот на мрежата има познанство со нашата лига, бидејќи во минатото бранеше за Еурофарм Работник и Пелистер пред фузирањето. Исто така има настапи за Раднички и Партизан во Србија.
Тиквеш под водство на Драган Марковиќ има високи амбиции за следната сезона, освен Арсиќ пристигнаа Данило Осадчиј, Кофилоски и Димовски како нови засилувања.