• Горан Упале
Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш, се пофали со уште две нови имиња во својот ростер и доведе нови интернационалци.
Во Кавадарци пристигнаа средниот бек Игор Кривокапиќ, како и кружниот напаѓач Никола Летиќ. Кривокапиќ во Тиквеш пристигна од редовите на Островија од Полска, каде настапуваше во минатата сезона. Се работи за 31-годишен ракометар од Црна Гора, кој во кариерата уште има играно во Романија, Израел и Босна и Херцеговина.
Летиќ, пак, летово настапуваше за Струга на Струшкиот турнир, но не се договори со тимот од покрај езерото. Кружниот напаѓач има 20 години и е младински репрезентативец на Босна и Херцеговина.
Двајцата ракометари со Тиквеш потпишаа договори на две години.