Тиквеш доби „вајлд-карта“ за ЕХФ Купот, Македонија со пет екипи на меѓународна сцена!

Ракометна Македонија во следната сезона ќе има пет свои претставници на меѓународна сцена во машка конкуренција, откако право на учество во ЕХФ Купот доби Тиквеш.

Кавадарчани, кои минатата сезона во Суперлигата ја завршија на петтата позиција на табелата, побараа „вајлд-карта“, на која ЕХФ одговори позитивно и „црвените“ одново ќе се надигруваат во евро-куповите. Тиквеш во ЕХФ Купот ќе стартува од првото елиминационо коло. Минатата сезона во истото натпреварување Тиквеш беше елиминиран од Кремс од Австрија.

Во новата сезона Македонија ќе ја претставуваат – Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Вардар во Европската лига, додека, покрај Тиквеш, во ЕХФ Купот ќе учествуваат уште и Алкалоид и Охрид.