• Иван Димовски
Петтопласираниот тим од минатата сезона на Суперлигата на Македонија, Тиквеш, доби „вајлд-карта“ и ќе игра во Европскиот Куп на ЕХФ преку специјалната покана.
Кавадарчани и минатата сезона играа во ова натпреварување, а сега ќе тргнат во првото коло. Тие на извлекувањето од страна на ЕХФ во своите простории во Виена го дознаа привникот во првата натпреварувачка рунда.
Тиквеш ќе одигра двомеч против екипата на Бианко Монте Драма од соседна Грција. Доколку ја мине оваа рунда, македонскиот клуб би се судрил со Арендал од Норвешка во второто коло.
Првиот натпревар ќе биде закажан на 14 или 15 септември во Грција, додека реваншот е на 22 или 23 во Кавадарци.