• Мартин Танасковски

Екипата на ГРК Охрид дојде до важна победа над Тиквеш во рамки на плеј-офот (24-20), во меч во салата „Јасмин“ кој не изобилуваше со голови и имаше доста грешки.
- Комплетниот натпревар меѓу ГРК Охрид и ГРК Тиквеш:
Посебно на контото на домаќинот, кој виде голема мака во нападот, посебно во првото полувреме кога постигна само шест гола. По првите 30 минути резултатот гласеше 6-14 за екипата на Алушевски, па вториот дел се држеше резултатот под контрола.
Домашната екипа беше рамо до рамо со охриѓани до 4-6, а потоа гостинот зеде замав. Следеше серија од 1-8, за висока предност која константно се одржуваше. Највисоката предност која Охрид ја имаше на мечот беше 9-18. Одличен беше голманот Ѓорѓески кој заврши со 16 интервенции.
Најдобар стрелец кај Охрид беше Теимураз Ојроникидѕе со девет гола, пред Гал Цирар со седум реализации, а кај Тиквеш се истакна Кристијан Атанасовски со седум гола.