Тихон: Пеналите се лотарија, а нам нешто ни недостигаше за добар резултат

Мешков Брест немаше среќа во пенал-рулетот, па Еурофарм Пелистер е последниот патник на завршниот турнир во Задар во СЕХА лигата. Битолчани го надиграа ривалот и долго водеа, меѓутоа во завршните секунди примија гол за реми и пенали кои на крајот завршија добро за македонскиот претставник.

По натпреварот, на стандардната прес-конференција зборуваше тренерот Дмитри Тихон, кој кажа:

„Кога ќе загубите на седмерци тоа е дефинитивно лоша среќа. Пеналите се лотарија и жалам што денес немавме малку повеќе среќа да се радуваме. Не знам што недостигаше, но ова е само почеток на сезоната и ќе бидеме подобри кога ќе се воиграме.

На ракометарите на Еурофарм Пелистер и тренерот Валтер им посакуваме многу среќа на завршниот турнир“, рече на средбата со новинарите Тихон.

Еурофарм Пелистер следниот викенд ќе настапи во Задар, каде што за ривал ќе го има бранителот на титулата Веспрем