• Горан Упале

Meшков Брест со нови сили и тренер дебитант во СЕХА лигата пристигна во Битола, каде ќе атакува на ново учество во финалниот турнир во регионалното натпреварување.
Младиот стратег на клупата на белорускиот шампион, Дмитри Тихон, во пресрет на дуелот од четвртфиналето против Еурофарм Пелистер изјави дека неговите избраници мора да бидат подготвени за брзиот ракомет што го негува домашната екипа, предводена од новиот тренер Ларс Валтер.
„Еурофарм Пелистер ќе ни биде добар ривал во овој момент од сезоната. Го гледав на турнирот во Струга за да се подготвиме малку подобро за она што нè очекува во Битола. Нивниот тренер Ларс Волтер очигледно сака да игра брз ракомет и мора да бидеме подготвени за тоа. Голманите мора да бидат на вистинското ниво, а одбраната треба да се претстави на вистински начин“, рече Тихон.
Во досегашните четири меѓусебни натпревари, исто толку победи извојува Мешков Брест, па вечерва пелистерци ќе имаат шанса за вистинска одмазда и пласман во завршницата во СЕХА лигата.