Тешка победа на Нант кај Шартр, три екипи на врвот со по две победи

Втор натпревар и втора победа за Нант на Кирил Лазаров во францускиот ракометен шампионат. На многу потежок начин од очекувањата, вицешампионот запиша победа на теренот на Шартр со 24-25.

По многу тензија, тежок натпревари и серија на грешки, поискусната екипа на Нант стигна до бодовите со голот на Тибо Брие на неколку минути до крајот на натпреварот. Најдобри поединци во победничкиот табор беа Брие со шест и Фигуерос со пет гола, а нашиот Лазаров постигна два гола. 

Вања Илиќ и Никола Јукиќ со по пет погодоци се истакнаа во таборот на Шартр. 

ПСЖ вчера го декласира Сесон Рен со 39-21, а Ним запиша победа на теренот на Тулуз со 28-29. ПСЖ, Ним и Нант се единствени екипи со максимални две победи на стартот на шампионатот.