• Иван Димовски

Освојувачот на двојната круна во женскиот ракомет Ѓорче Петров го претстави осмото летно засилување.
Во радовите на „лавиците“ доаѓа Теодора Дукоска. 21-годишната репрезентативка настапува на позицијата десен бек и доаѓа во Ѓорче Петров од градскиот ривал Чаир. Ова не ѝ е прв престој меѓу ѓорчепетровки, бидејќи Дукоска играше за клубот и во сезоната 2022/23.
Претходно Ѓорче Петров се пофали со потписите на Шејла Цезарија Жоао Ланга, сестрите Борјана и Бојана Коцеви, Стефани Пламен Петрова, Марија Јовановска, Анастасија Трпеска и Стефанија Ѓорѓиевска.
