ФОТО: Темелковски ги подели последните совети - „фармацевтите“ подготвени за Филинген

Единствениот македонски претставник во ЕХФ Челинџ Купот, Еурофарм Работник, по долгиот пат синоќа пристигна во Берген, Норвешка каде ќе го игра реванш-мечот од осминафиналната фаза од ова натпреварување. 

Противник на „фармацевтите“ е тимот на Филинген, кој на првиот меч во Битола извојува минимална победа од 22-25. Сепак, од таборот на битолскиот тим веруваат во своите квалитети и се подготвени за подвиг и пласман во четвртфиналето на овој Куп

Денес, Еурофарм Работник го одработи и првиот тренинг на норвешко тло, а добра вест за предводникот Илија Темелковски е што во тимот се враќа искусниот десен бек, Михајло Петровски, кој поради ситна повреда не настапи на првиот натпревар.