Татабања се надоврза на победата над Еурофарм Работник со ново славје против Хановер

Вториот меч од третото коло од групата Б во ЕХФ Купот донесе уште една победа на домашната екипа. Унгарска Татабања го надигра Хановер (28-25) и ја запиша втората победа во низа пред своите гледачи. 

Првиот дел донесе ефикасно надигрување со вкупно 32 постигнати погодоци. Темпото на игра значително падна во продолжението, а тактичката битка на крај ја доби домашната екипа. Период од десет минути им овозможи лесна завршница на ракометарите на Владан Матиќ, кои направија клучна разлика од 23-19.

Германците не се откажаа и до крај се обидуваа да се вратат во игра, но нивната одбрана не им овозможи избегнување на вториот пораз оваа сезона.

Милош Вујовиќ со шест гола беше најефикасен кај победничката екипа, а Мортен Олсен и Тимо Кастенинг реализираа по пет пати за гостите.

Вчера, Еурофарм Работник загуби на гостувањето кај Нексе Нашице во вториот натпревар од оваа група.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2