Татабања го „здрма“ Нексе среде Нашице и го презеде лидерското место

Наместо заверка на првата позиција и поволна ждрепка во четвртфиналето на ЕХФ Купот, ракометарите на Нексе Нашице го закомпицираа своето учество во елиминационата фаза на второто по ранг натпреварување на ЕХФ. 

Хрватскиот вицешампион одигра катастрофален натпревар пред својата публика и заслужено го претрпе најтешкиот пораз во оваа фаза, откако за дома со големи 26-29 си замина тимот на Татабања. 

Унгарскиот претставник со оваа победа се искачи на првата позиција на табелата во групата Б, додека Нексе својата судбина ќе ја крои во последното коло против германски Хановер. Во оваа група уште се натпреварува и македонскиот тим Еурофарм Работник, кој утре го игра својот последен натпревар пред битолската публика против Хановер. 

Што се однесува до натпреварот во салата „Крал Томислав“, гостинските ракометари уште од самиот почеток наметнаа темпо на игра кое беше недостижно за избраниците на Хорват. Кон средината на првиот дел, Нексе, слично како на натпреварот во Битола против Еурофарм, постигна само три гола, а прими дури десер, па на еден начин од тој момент беше решено прашањето на победникот на вечерашниот меч. 

На полувреме се замина со 9-14, но во вторите 30 минути Татабања рутински го чуваше водството и во ниту еден момент не дозволи Нексе резултатски да се врати во игра, за конечна победа од 26-29. Бувиниќ со пет и Зрниќ со четири гола беа најефикасни кај Нексе, а Вујовиќ со седум и Демис Козмин Григорас со шест гола беа најдобри во составот на Владан Матиќ.

Во следното коло Нексе игра против Хановер, додека Татабања ќе го пречека тимот на Еурофарм Работник. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2