Татабања ги спушти на земја Германците и одигра реми против Фуксе Берлин

Екипата на Татабања од Унгарија приреди големо изненадување во рамките од второто коло на ЕХФ Купот, откако на гости кај Фуксе Берлин успеа да стигне до големо реми од 27-27.

Германскиот гигант како да го потцени противникот и на вечерва истрча со комбиниран состав, па затоа го чинеше неочекуван кикс и само бод од овој дуел.

Унгарскиот тим потврди дека оваа сезона сериозно размислува за висок пласман во ова натпреварување и дека победата над Натурхаус Ла Риоха во претходното коло не беше случајна. Првите 30 минути минути минаа во неизвесна игра и водството наизменично се менуваше, за на полувреме да се замине со позитива на Татабања од два гола разлика (15-17).

Бундеслигашот, ниту на стартот на вториот дел не можеше да најде решение за разиграните Унгарци. Имаше неколку обиди да ја преземе иницијатива, но откако не успеа мораше да се задоволи со само еден освоен бод. На вечерашниот натпревар за Фуксе Берлин не настапи најновото засилување од европскиот шампион Вардар, Кристопанс.

Брожас со девет гола беше најефикасен на натпреварот. Кај Татабањ, Холперт постигна пет, додека во германскиот состав се истакнаа Холм со шест и Кох со пет гола.

ЕХФ Куп, Група Д
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Фуксе БерлинФуксе Берлин 1 1 0 0 25:23 2 2
2 ТатабањаТатабања 1 1 0 0 26:25 1 2
3 Натурхаус Ла РиохаНатурхаус Ла Риоха 1 0 0 1 25:26 -1 0
4 АиксАикс 1 0 0 1 23:25 -2 0